Почетна Убавина и здравјеСекоја домаќинка треба да знае да ги приготви – Убавина и здравје

Секоја домаќинка треба да знае да ги приготви – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Ви ги откриваме најдобрите рецепти за 3 старински јадења на лажица

Грав

Прелејте 500 г грав со вода, поклопете и оставете го да отстои прекуноќ. Измијте го гравот. Во тенџере сипете литар вода и додајте го измиениот грав, па ставете го на шпорет. Оставете го да зоврие и оставете го да врие 5 минути. Измијте го гравот со топла вода. Измијте еден свински бут и исечкајте го на парчиња. Исечкајте околу 150 г сланина. Во тенџерето сипете две супени лажици масло, додајте кромид и морков, па пропржете 5 минути. Додајте ги сланината и бутот, па пржете ги заедно 5 минути и додајте го гравот. Сипете вода (околу 2 литра). Поклопете и гответе околу еден час, па зачинете со 1 лажиче сол, лажиче сув зачин, бибер по вкус и црвен пипер по вкус.

ФОТО: Grooveland Designs / Pixabay

Исечкајте две чешниња лук и пропржете ги на загреано масло, па додајте лажица брашно и мешајте. Додајте 2 лажички црвен пипер. Земете малку течност од гравот и додајте ја во запршката со постојано мешање. Сипете ја во гравот и промешајте. Гответе околу 10 минути.

Зелка со месо

Исечкајте главица кромид и 1 морков. Во тенџере сипете 2 лажици масло и пропржете го кромидот, па додајте го морковот. Исечкајте 500 г јунешко месо и додајте го во тенџерето со кромидот и морковот. Додајте 200 мл топла вода. Исечкајте свежа пиперка и изрендајте 3 свежи домати. Исечкајте главица зелка. Откако ќе го динстате месото 20 минути, додајте лажиче сол, лажиче зачини и половина лажиче црвен пипер. Промешајте и додајте сечкана свежа пиперка и зелка. Сипете 800 мл топла вода и крчкајте околу 45 минути.


Поврзани објави

ФОТО: Holly Spangler / Unsplash

Додајте домат и оставете да се крчка уште 5 минути. Зачинете по вкус. Направете запршка, сипете ја во зелката и оставете да се крчка околу 10 минути.

Гулаш

Исечкајте 500 г јунешки бут на покрупни коцки. Исечкајте 4 главици кромид. Во тенџере сипете 150 мл масло и додајте го кромидот, па пржете го додека се кристализира. Изрендајте 2 моркова, 100 г целер и исечкајте 3 чешниња лук. Во кромидот додајте го месото, промешајте и динстајте околу 10 минути. Додајте целер, морков и лук и динстајте со непрекинато мешање. Додајте 2 супени лажици црвен пипер и мешајте додека се соедини, па додајте лажица сув зачин, 2 лаврови листа, малку бибер и 200 мл пасиран домат. Добро промешајте и крчкајте на средна температура. Додајте литар вода и гответе еден час, додека се зготви месото.

ФОТО: Pixabay

ФОТО: Holly Spangler / Unsplash, Grooveland Designs / Pixabay