Почетна Убавина и здравјеКаков ризик треба да преземете според хороскопскиот знак – Убавина и здравје

Каков ризик треба да преземете според хороскопскиот знак – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Каков ризик треба да преземете на средината на август, според вашиот хороскопски знак? Продолжете со читање…

Овен

Овните ќе имаат потреба да го кажат своето мислење, особено на работа. Тоа може да им донесе многу проблеми со колегите или претпоставените. Но подготвени сте да ризикувате, дури и по цена да ја загубите работата.

Бик

Биковите треба да ја искористат поволната поставеност на планетите на средината на август за се стекнат со материјално богатство. Ова значи дека може да побарате покачување на платата, подобро платена работа, да играте игри на среќа или на почнете хонорарна работа.

Близнаци

Близнаци, сега е добар период да ризикувате со вашиот изглед. Па, ако сакате да се истетовирате, да ја избричите главата, да ја смените бојата на косата од црна во руса или долгата коса да ја скратите – направете го тоа.

Рак

Ракови, овој период искористете го за лична трансформација, но направете го тоа тајно и тивко, без да раскажувате на сите. Во овој период може да ви се случи љубовта што ја посакувавте, па време е да преземете ризик за да ја освоите личноста што ве привлекува.


Поврзани објави

Лав

Лавови, во овој период можно е околината да почне да ве исмева, бидејќи сакате да смените нешто на подобро. Без оглед дали е тоа поврзано со условите на работното место, односот со некој близок, борба за правата на животните, ризикувајте и обидете се да го постигнете тоа што го сакате.

Девица

Девици, ова е период кога ќе преземете голем ризик на работа. Ова може да значи дека ќе ја замените сигурната работа со нова што ви се нуди, дека ќе побарате совет од личност која и не ви е многу сигурна, но сепак ќе се водите од инстинктот.

Терезија

Терезии, кон средината на овој месец дозволете си да бидете поотворени кон околината и општеството околу вас. Ризикувајте во односите со луѓето и ќе сфатите дека нема да ве разочараат сите, иако го очекувате тоа.

Скорпија

Скорпии, ризикот што треба да го преземете овој период е поврзан со вашиот сексуален живот. Ако сте во врска и се воздржувате пред партнерот, време е да му го покажете вистинското лице во кревет, а ако сте сингл, отворено кажете ѝ на личноста што ви се допаѓа дека сакате да имате секс (дури и без обврски).

Стрелец

Стрелци, вие сте знакот кој ќе преземе најмалку ризик во овој период – не затоа што се плашите, туку работите се онакви какви што треба да бидат. Сепак, ако решите да ризикувате во нешто, тоа нека биде во врската – побарајте му време на партнерот да бидете сами со себе, барем неколку дена, дури и да знаете дека ќе ви се налути поради тоа.

Јарец

Јарци, периодов треба да му направите шок на вашиот организам. Па, без разлика дали наместо прва смена ќе барате да работите во трета смена, или ќе ги исфрлите месото и лебот за да се храните поинаку, преземете ризик и направете го тоа.

Водолија

Водолии, време е да ризикувате на љубовно поле, каков и да е крајниот резултат. Покажете храброст, пријдете ѝ на личноста што ви се допаѓа или раскинете врска – ризикувајте за да ви е убаво на вас.

Риби

Риби, ова е период кога ќе доживеете голем личен раст, но само ако ризикувате. Па, така, соберете храброст и изборете се за работите што ги сакате или соберете храброст и ослободете се од товарот што ве држи заглавени во место.