Пејачката искрено зборува за промените во жирито на „Ѕвезда Гранд“ и за тоа што очекува од новата сезона.
Ана Бекута отворено проговори за новата сезона на музичкото шоу „Ѕвезда Гранд“ и за промените кои ги донесе оваа година. Таа вели дека верува оти повторно ќе се појави некоја нова ѕвезда која ќе изгради голема кариера.
Секогаш очекувам нешто убаво и верувам дека оваа сезона ќе биде вистинско уживање за гледање,“ изјави пејачката.
Во врска со односите со својата нова колешка, Дара Бубамара, Бекута нагласува дека не гледа простор за конфликти.
Дара е енергична, духовита и весела. Не сум почувствувала дека е дрчна, можеби ќе биде, но не можам однапред ништо да кажам,“ додаде таа.
На прашањето како гледа на заминувањето на долгогодишните членови на жирито – Вики Миљковиќ, Босанац, Марија Шерифовиќ пејачката беше кратка и јасна.
Тоа се мои добри пријатели, но нема да ми недостигаат. Доста сум ги гледала, десет години. Можеби е добро што си заминаа, па еден ден и да се вратат,“ рече со насмевка Ана Бекута.
Таа исто така ја прокоментира и шпекулацијата дека Лепа Брена не се појавила на поменот на Саша Поповиќ.
Верувам дека била таму, само не сакаше да се фотографира. Најдобро е да ја прашате неа,“ заклучи пејачката.
printskrin Youtube – blic ana bekuta