Бекута нагласи дека поради овој проблем се обратила на експерти…
Ана Бекута отсекогаш важела за дама која води сметка за својот изглед, а сега искрено проговори за проблемот кој долго време ја мачи – појавата на дамки на лицето и рацете. Таа со своите следбеници сподели дека пробала популарен третман кој ветува решавање на овој естетски предизвик.
Како што објаснува пејачката, дамките се резултат на намалено производство на меланин, но може да настанат и поради хормонални промени, нарушена функција на крвните садови, токсини или повреди. Иако се безопасни, за многу жени, па и за Ана, тие претставуваат сериозен естетски проблем.
Бекута нагласи дека поради овој проблем се обратила на експерти, а резултатите ја оставиле без зборови. Насмевката од лицето не ѝ се симнува, што е најдобар доказ за нејзиното задоволство од третманот.
Поврзани објави
Особено ја радува што третманот е целосно безболен, што за неа било пресудно, бидејќи сè уште се опоравува од повредата на раката. Благодарение на комбинацијата од добра генетика и правилна нега, Ана Бекута успева да го одржи својот младешки изглед.
Printscreen Instagram @anabekuta1