Министерството за здравство најави дека во текот на ноќта се очекува нови пациенти да бидат испратени во европски медицински центри и изрази благодарност за меѓународната поддршка во справувањето со последиците од трагедијата.
Медицинските тимови на здравствените установи и денеска се целосно ангажирани во обезбедување соодветна нега за сите пациенти повредени во трагичниот пожар во Кочани, соопшти Министерството за здравство. Според последните податоци, во различни клиники низ државата се хоспитализирани 75 пациенти, додека дел од повредените се префрлени на лекување во странство.
Во македонските болници најголем број пациенти се згрижени во ГОБ „8 Септември“ – 17, на КАРИЛ – 13, во хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ – 11, како и на Клиниката за пластична хирургија и Клиниката за токсикологија, каде има по 10 хоспитализирани. Преостанатите пациенти се сместени на повеќе одделенија низ земјата, во зависност од тежината на нивните повреди.
Поврзани објави
Меѓу пациентите испратени на лекување во странство, најмногу се згрижени во Србија – 30, во Бугарија – 14, како и во Грција, каде се лекуваат осум лица. Петтемина пациенти во Анкара од денеска дишат самостојно, додека повредените во Австрија и Литванија остануваат на интензивно лекување, но во стабилна состојба.
Министерството за здравство најави дека во текот на ноќта се очекува нови пациенти да бидат испратени во европски медицински центри и изрази благодарност за меѓународната поддршка во справувањето со последиците од трагедијата.
Фото: принтскрин социјални мрежи и Јутјуб