Table of Contents
Одбегнувајте да ја миете косата ден-два по бојосувањето
Иако многу фризери не препорачуваат да ја бојосувате косата дома, понекогаш тоа е најдобрата и најевтината опција. Но пред тоа, добро е да знаете неколку правила.
Еве неколку вообичаени грешки што добро е да ги одбегнете следен пат кога ќе сакате сами да ја бојосувате косата дома…
Не ја менувајте фарбата ако сте задоволни со резултатите
Никогаш немојте да користите друг бренд на боја, ако со онаа што ја користите постигнувате добри резултати.
Не нанесувајте боја без две огледала
Бојосувањето на задниот дел од главата може да биде прилично незгодно, ако го правите тоа сами. Употребете рачно огледало за да го проверите и тој дел од главата во огледалото пред вас, за да не остане некој дел небојосан.
Не купувајте само една туба боја
Ако имате долга или густа коса, можно е да ви треба повеќе од една кутија/туба. Затоа, добро е да имате барем две, бидејќи никогаш не можете да знаете колку боја ќе ѝ треба на вашата коса. Во секој случај, подобро е да имате повеќе отколку помалку.
Поврзани објави
Не заборавајте да ја заштитите кожата
Важно е да ја заштитите кожата при бојосувањето на косата, особено линијата околу рабовите на главата, до косата. За да не завршите со обоени чело или уше, нанесете помасен крем на тоа подрачје, кој ќе ја впие бојата.
Не вадете ја бојата од косата со врела вода
Врелата вода е пријатна, но го вади надворешниот слој на бојата на косата, па бојата побрзо избледува. Идеално би било по бојосувањето да ја измиете косата со поладна вода, за да се задржи бојата подолго.
Немојте да ја миете косата еден ден подоцна
Одбегнувајте да ја миете косата ден или два по бојосувањето, бидејќи толку време е потребно за подобро да се зацврсти бојата и подолго да трае.
Одбегнувајте врели уреди по бојосувањето
Иако професионалците често користат пегли и слични апарати, подобро е да ги одбегнувате ако сте свежо бојосани. Имено, дополнителната топлина ќе предизвика слабеење на бојата, па косата може да стане сува и груба. Подобро е да ја оставете да закрепне, па по неколку дена да употребувате посебни техники на обликување.