Во текот на изминатата ноќ, Итната медицинска служба изврши 13 интервенции во областа на Трубарево, се до денешното попладне.
Според денешното соопштение од Министерството за здравство, едно лице е пренесено во болница, а исто така беше извршен и транспорт на лице со ограничена подвижност до друга локација.
Министерот за здравство, Азир Алиу, во писмената изјава потенцира дека Министерството за здравство ја надгледува ситуацијата и здравствениот систем е подготвен да се справи со новонастанатите предизвици. “Од извршените интервенции на Итната медицинска помош, само едно лице е транспортирано во јавна здравствена установа, на Клиниката за токсикологија.”
Во писменото соопштение на Алиу исто така се додава: “Воедно, кризниот штаб што веднаш како Министерство го формиравме, континуирано заседава и во следниот период ќе се преземаат соодветни мерки согласно околностите.”
Директорот на Клиниката за токсикологија, Арѓенд Имери, потврдува дека пациентката која беше примеана во текот на ноќта е во стабилна состојба. “Пациентката имала и други пропратни симптоми и од тие причини е задржана на лекување, но, најважно е дека се наоѓа во добра состојба.”
Имери исто така информираше дека “Денеска во текот на денот уште тројца пациенти се амбулантски прегледани на Клиниката и пуштени дома.”