Сите забележуваат дека на другите актери им е непријатно во негово присуство
Педро Паскал стана познат по своето отворено искажување наклонетост кон пријателите и колегите – но изгледа дека тоа не им годи на сите.
Имено, за време на доделувањето награди „Еми“, Педро Паскал (50) се појавил во бел костим со очила за сонце. Пред да влезе во познатиот театар, тој позирал на црвениот килим. Во таа пригода, актерот Адам Скот го допрел, со кого Педро, инаку, се натпреваруваше во категоријата за најдобар актер во драмска серија.
Адам сакал само да го поздрави Педро, но не претпоставувал дека Педро ќе се израдува толку и дека буквално ќе му скокне во прегратка.
Адам се изненадил и некако несмасно ја спречил прегратката, при што нежно го оттурнал Педро, а потоа оставил простор меѓу нив така што ги вкрстил рацете пред себе.
Камерата сето тоа го забележала, а поради непријатната ситуација, многумина ги јаде туѓ срам.
Поврзани објави
Експертите за говор на тело ја протолкувале оваа средба на следниов начин:
„Говорот на телото на Педро во присуство на номинираниот ривал Адам сугерира дека е човек кој претпочита многу тактилен и пријателски пристап, бидејќи ги испружил двете раце за да му даде цврста прегратка на Адам.
Но Адам покажал неколку невербални гестови со кои ја одбегнал прегратката, вешто заобиколувајќи ги движењата на Педро. Рацете на Педро биле во процес на опфаќање на торзото на Адам, додека Адам гестикулирал ‘кочење’, ставајќи ги рацете на рамениците на Педро за да ја сопре прегратката.
Адам се повлекол за да направи простор меѓу нив, дури и гледал надолу и мавтал со рацете пред себе.
Откако направил поголемо растојание помеѓу двајцата мажи, дури и ја испружил едната рака за да го потапка Педро, но тоа се чинело како обид за да го натера да се сврти и да тргне по својот пат.“
Ова не е првпат Педро да биде премногу отворен со своите колеги.
Последните недели, Педро стана вирален поради низата средби со сопругата на Вилем Дефо и колешката од филмот „Фантастична четворка: Првите чекори“, Ванеса Кирби, кои некои обожаватели ги опишале како морничави.
Во видеата се гледа дека Педро отворено флертува со бремената Ванеса.
Педро никогаш не криел дека се чувствува анксиозно на црвениот килим, па многумина мислат дека ова можеби е негов начин да се избори со тој проблем.