Почетна ТехнологијаТошковски: За да се скрати долгото чекање на граничните премини, системот „One stop shop“ навистина треба да профункционира

Тошковски: За да се скрати долгото чекање на граничните премини, системот „One stop shop“ навистина треба да профункционира

од nenad
1 минути читај за




За да се скрати долгото чекање на граничните премини, системот „One stop shop“ навистина треба да профункционира. Министерот Панче Тошковски вели дека до наредната летна сезона на граничните премини кон Србија, кон Косово и кон Албанија ќе има една заедничка контрола. Темата за побрз транзит на граничните премини ја отвориле денеска со српскиот колега Ивица Дачиќ на средбата во Куманово. Тој посочи дека застојот на граничните премини, особено за време на одморите, станува сериозен проблем.