Почетна ТехнологијаПазарџии во Ченто претепаа малолетник кој украде тренерки од тезга

Пазарџии во Ченто претепаа малолетник кој украде тренерки од тезга

од nenad
1 минути читај за




Неколку граѓани претепаа малолетник крај затворениот пазар во населбата Ченто во Скопје откако тој се обиде да украде тренерки од една од тезгите.
Момчето разгледуваше по тезгите и во еден момент грабна тренерки и почна да бега. Продавачите од пазарот и неколку минувачи го фатија и почнаа да го тепаат со тупаници и клоци.
Еден од минувачите ги оттргна од момчето и ги предупреди дека не смеат да тепаат малолетник и треба да пријават прво во полиција.