Почетна ЕкономијаРаботна средба на Муцунски со австрискиот амбасадор, Мартин Памер

Работна средба на Муцунски со австрискиот амбасадор, Мартин Памер

од nenad
1 минути читај за




Денеска на редовна работна средба го примив австрискиот амбасадор, Мартин Памер. Разговаравме за билатералната соработка меѓу двете земји, напредокот на нашата држава во процесот на европска интеграција, како и за други актуелни меѓународни и регионални прашања. Ја потврдив нашата посветеност на реформските процеси и изразив благодарност за континуираната поддршка од Австрија на нашиот европски пат, со надеж дека таа поддршка ќе продолжи и во иднина.

Заеднички ги нагласивме досегашните одлични билатерални односи и заложбите за понатамошно интензивирање на соработката, особено во економската сфера, трговијата и инвестициите. Посебен акцент ставивме на потенцијалот за натамошно продлабочување на бизнис релациите, на што ќе биде посветено значително внимание во претстојниот период – Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија.