Почетна Убавина и здравјеКога станала славна, ѝ наплатила за сè! – Убавина и здравје

Кога станала славна, ѝ наплатила за сè! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Мајка ѝ ја терала да прави сè и сешто заради убавина и постојано ја понижувала

Познатата светска манекенка Бела Хадид, помладата сестра на Џиџи Хадид која исто така е манекенка, вчера го прослави својот 28. роденден.
Бела е една од најбараните манекенки која светските модни брендови ја обожаваат. Својата кариера ја стави на пауза извесен период поради болеста, но и тоа го надмина и сега е посилна од кога било претходно.

Бела Хадид е родена ѕвезда, но кога била тинејџерка, на нејзината мајка Јоланда Хадид не ѝ се допаѓало тоа што Бела имала голем нос, па на 14 години ја испратила на операција.

Тоа било само почетокот на сите проблеми со самодовербата што ги имала оваа манекенка.

„Секогаш се прашувам како една девојка со неверојатна несигурност, анксиозност, депресија и проблеми со изгледот, проблеми со исхраната, која мрази да ја допираат и на која јавните настани ѝ предизвикуваат анксиозност, успеала да стигне таму каде што е сега“, раскажала Бела во една пригода и така открила со што сè се бори.

Но животот е непредвидлив, па младата Бела беше прогласена за една од најубавите и најпожелните манекенки на светот, и покрај тоа што нејзината постара сестра Џиџи доминира во истата сфера и која од своето раѓање ѝ била миленичка на мајка им.

„Јас отсекогаш бев само погрдата сестра на неверојатно харизматичната Џиџи. Така се гледав себеси“, признала Бела.


Поврзани објави

И покрај тоа што светот не го гледал тоа што Бела го гледала во огледалото, нејзината борба против себеси и очекувањата на околината си го зела својот данок. Минатата година Бела се борела со симптомите на лајмска болест, поради што паднала и во тешка депресија.

И додека пред камерите зборуваше дека сè е во ред, луѓето забележаа дека Бела губи килограми и дека изгледа сè поисцрпено. Манекенката кратко се повлече од модниот свет, но сега се врати со насмевка и неколку килограми повеќе.

Откако Бела Хадид станала многу популарна и барана манекенка, нејзината мајка Јоланда постојано се фотографирала со неа и објавувала на социјалните мрежи колку добро се забавуваат. Така го истакнувала успехот на своите ќерки, но и фактот дека се збогатиле на тој начин.

Бела не ѝ замерила поради тоа и сега има совршени односи со својата мајка. Никогаш не ѝ се одмаздила за ништо, туку се однесува најдобро со неа.

Бела Хадид моментално е во врска со каубојот и професионалниот јавач Ејден Баунелс. Тие двајца постојано се заедно, а поради него се преселила во Тексас. Пред Ејден, Бела во врска со уметничкиот директор Марк Калман и познатиот пејач The Weeknd.

ФОТО: Инстаграм @bellahadid