Кога довербата во бракот ќе се наруши, болката е неизмерна…
Една жена споделила на социјалните мрежи дека нејзиниот партнер води двоен живот со тајно семејство. Шокантното откритие го дознала од објава на Фејсбук – така открила дека нејзиниот сопруг не само што е оженет со некоја друга, туку и дека има дете со неа.
Веќе 10 години била во брак со својот сопруг и имале две деца, но тој многу патувал, наводно, поради работа, и често не бил дома. Несреќната жена открила и дека боледува од полово пренослива болест, поради што тој ја обвинил дека таа него го изневерила.
Кога сакала да остави коментар на една група на Фејсбук, видела слика на една од корисничките, на која таа насмеано позирала со нејзиниот сопруг. Го пронашла нејзиниот профил и открила дека не само што се во брак со истиот човек, иако тој се претставувал со друго име, туку и дека двете имаат деца со него.
Поврзани објави
Стапила во контакт со неа и дошла до шокантно откритие. Иако таа не знаела дека постои друга жена, другата жена знаела за неа. Во истиот момент побарала развод, а нејзиниот сопруг ни за миг не се обидел да ја сопре или да ѝ ја објасни ситуацијата, туку го одбрал своето второ семејство.
Најмногу ја здоболело тоа што тој одбил да плаќа алиментација и отишол толку далеку што дури и се заканил дека ќе даде отказ за да нема примања и да се ослободи од обврската да дава пари.
Што мислите за оваа ситуација? Ви се верува дека вакво нешто е возможно?
ФОТО: Cheron James / Unsplash