Почетна Убавина и здравјеТрик со кој секогаш изгледате избалансирано и дотерано – Убавина и здравје

Трик со кој секогаш изгледате избалансирано и дотерано – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за



Модата денес е многу послободна отколку што беше пред една или две децении. Веќе нема златни правила за добро облекување, а најмногу се цени личниот стил, чиј развој е тежок и одзема доста време.

Секако, стилистите сè уште поставуваат одредени норми за боите, формите, кодовите за облекување и модерната облека, но концептите се толку разновидни и испреплетени што понекогаш станува тешко да се создаде модерна и стилска облека. Затоа едноставните стилски трикови како што е трикот на сендвич можат да ни го спасат денот.

 

Правилото е едноставно: усогласете ја бојата на горниот и долниот дел од облеката, а помеѓу нив додадете контрастна боја. На пример: кафеав џемпер и чевли во комбинација со темни фармерки. Или, црвен кардиган и здолниште, со бела маица одоздола. Сега замислете облека во иста боја како лебот, а контрастната боја како фил за сендвичот. Јасно е од каде доаѓа името на стилскиот трик, нели?

 


Поврзани објави

Во модата овој трик за стилска рамнотежа се постигнува со тоа што бојата, дезенот или текстурата на горниот и долниот дел од облеката се сечат со централниот дел. Како сендвич – леб, фил, леб – тука, јакната и чевлите можат да бидат во иста (или слична) нијанса, додека фустанот, панталоните или кошулата се во контрастна боја. Резултатот е хармоничен, промислен изглед што привлекува внимание, но изгледа ненаметлив. Истото може да се направи со комбинирање текстури или волумени во стил на сендвич.

На пример, црна кожна јакна, бела кошула и црни чизми. Тоа е совршен моден сендвич. Оваа техника не само што ја коомплетира облеката, туку и визуелно ја издолжува фигурата и дава чувство на ред. Функционира во сите стилови – од спортски до елегантен. Клучот е рамнотежата и повторувањето. Откако ќе го совладате овој принцип, вашите комбинации повеќе нема да изгледаат случајно, туку како да стои стилист зад нив – а всушност, тоа сте вие.

Фото: Instagram/ @ninasandbech