Почетна Убавина и здравјеЕве која диета ја држеше познатиот пејач и што исклучи од исхрана – Убавина и здравје

Еве која диета ја држеше познатиот пејач и што исклучи од исхрана – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Пејачот Милан Станковиќ отиде во илегала, се сврте кон религијата, а за неговиот приватен живот малку се знае.

Милан синоќа се огласи на Инстаграм и покажа како јаде. Инаку, Станковиќ одреден период имаше вишок килограми, но успеа да ослабе 15 килограми и да си ја врати фигурата од порано.


Поврзани објави

Во минатото тој тренираше напорно и можеше да се пофали со вистински „плочки“ на стомакот, но подоцна тие целосно се стопија и неговата тежина се зголеми. Промените се особено забележливи на неговото лице.

За да ослабе Милан почнал да тренира и се одлучил за кето диета. Станува збор за диета во која значително се намалува внесот на јаглехидрати. Се заснова на принципот дека телото ги разложува јаглехидратите во гликоза и ја користи како енергија. Кога нема доволно јаглехидрати, телото влегува во состојба позната како кетоза. За време на кетоза, телото ефикасно согорува масти и ги користи наместо гликоза. Токму затоа кето диетата е толку популарна.