Јована Јеремиќ, по подолг молк, одлучи да ги расчисти сметките и да стави крај на шпекулациите поврзани со нејзиниот поранешен партнер, Драган Станковиќ. Таа, во својот препознатлив стил, јасно стави до знаење дека повеќе нема да дозволи злоупотреба на нејзиниот медумски простор.
Не зедов јас да правам кифлички и да продавам во пекара, туку тој влезе во мојот медиумски реон и простор“, изјави Јована. Таа нагласи дека титулата „поранешен партнер на Јована Јеремиќ“ ја доделува како подарок, дури и за претстојната свадба, и посака сè најдобро, но само додека не се загрозува нејзината територија.
Поврзани објави
Јована објасни дека таа е „жена мафијаш“ кога станува збор за нејзината кариера и име. „Кој ме допре на кој било начин… ќе си помине, најблаго кажано, како бос по трње“, порача таа. Јована истакна дека молчела предолго и оти дошол моментот да се порамнат сметките, аргументирано и праведно.