Основачот на „Амазон“ и еден од најбогатите луѓе во светот, 60-годишниот Џеф Безос следната сабота ќе се ожени со својата пет години помлада свршеница Лорен Санчез на екстравагантна свадба вредна повеќе од 600 милиони долари во зимскиот одморалиште Аспен во државата Колорадо.
Двојката се вери во мај 2023 година и конечно ќе заплови во свадбеното пристаниште на тема зимска земја на чудата. Пред венчавката, тие ќе имаат два дена забава со пријателите во раскошен суши ресторан кој парот наводно го изнајмил за четврток и петок.
На големата венчавка се очекува да се појават огромен број на познати личности.
Да потсетиме дека парот ја прослави свршувачката во Позитано, Италија, а дел од гостите беа Бил Гејтс, Леонардо ди Каприо и кралицата Ранија од Јордан.
„Кога ја отвори кутијата, мислам дека за малку ќе се онесвестев“, признала Санчез во декемвриското издание на „Вог“. Нејзиниот прстен од 20 карати вреди неверојатни 2,5 милиони долари. Таа рекла дека нејзиниот љубовник и го ставил прстенот под перницата и со тоа да сфати дека ја ’бара нејзината рака‘.
На темата за венчаницата, Санчез рече дека има неколку идеи и дизајнери кои би сакала да ги ангажира за да го изработат нејзиниот фустан. Наведувајќи ги „Диор“, „Долче Габана“, „Валентино“ како некои од нејзините омилени модни куќи.
Двојката е неразделна откако почнаа да се гледаат во 2018 година. Љубовната приказна започна во 2019 година, но врската се чуваше во тајност сè додека не се финализираше разводот на Безос од неговата сопруга Мекензи Скот, со која има четири деца. Приближно во исто време и Санчез се разведе од сопругот, Патрик Вајтсел. Таа имаше две деца со холивудски агент, а има уште едно дете од претходната врска со поранешната НФЛ ѕвезда Тони Гонзалес.