Сите фрази и постапки на родителите се слични на воздушен мост: способни се да спојат, но и да ги одведат децата и родителите на разни страни.
Три правила за пријателство:
- Отвореност
Не плашете се да ги користите зборовите „извини“, „благодарам“, „не бев во право“. Тие ќе му покажат на детето дека родителите не се идеални, дека и тие можат да погрешат, но дека секогаш се подготвени да ги признаат своите грешки. Таквиот пристап го зголемува авторитетот на родителите во очите на децата, создава атмосфера на доверба и пријателство во семејството.
- Поддршка
Поврзани објави
Поддршката вклучува отворен разговор со детето, заеднички тајни, заеднички игри, како и присуство на манифестации што се за него важни. Токму овие настани ги прават среќни детските спомени.
- Чесност
Сите деца многу се чувствителни на лаги, тие без грешка ги чувствуваат, дури и во најбезличните искази. Доколку го лажете детето под изговор дека уште е мало, немојте да се чудите за недовербата помеѓу вас. Отвореноста и чесноста се основата на која се градат најсреќните семејни односи.
Текст: Убавина и здравје
Фото: Juan Pablo Serrano by Pexels