Почетна Убавина и здравјеКако ви се допаѓа во новата улога? – Убавина и здравје

Како ви се допаѓа во новата улога? – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Водителката  Милена Антовска Станковска зад себе има викенд за паметење.

По повод 40 роденден на нејзиниот сопруг Гордан, семејството изнајми вила со базен и поглед на цело Скопје. Прекрасни декорации, дронови и бенд кој ги забававуваше гостите а ги имаше повеќе од 100. А вака изгледаше спектакуларниот огномет кој беше изненадување од водителката за саканиот.

Јубилејниот роденден тие го прославија што се вели „на ниво“.


Поврзани објави

Водителката за оваа убава пригода се дотера во убав летен дводелен и шарен комплет, а во еден момент се фатила и за микрофонот па на задоволство  на сите гости ја испеала „Заветна“ од Пепи Бафтировски.

По Заветна следуваше големиот хит на фолк пејачката Благица Павловска „Скопје“

 

Потсетуваме, Милена Антовска во неколку емисии го покажала талентот за музика, а своевремено зеде учество и во музичката манифестација „Новинарите пеат“ каде се претстави со песната Шила од Маја Оџаклиевска и беше највисоко оценета од стручното жири.

 

Фото и видео: Приватна архива