Почетна Убавина и здравјеСе приготвува многу лесно, а не постои повкусна верзија од оваа! – Убавина и здравје

Се приготвува многу лесно, а не постои повкусна верзија од оваа! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Ви откриваме старински рецепт за лутеница која се приготвува брзо и лесно

Лутеницата е едно од оние традиционални јадења што секогаш нѐ потсетува на детство и зима, кога од шпајзот ќе се извади тегличката полна со миризлива и пикантна мачканица. Се приготвува од домати, пиперки и лути пиперчиња, а зачините ѝ даваат посебна арома. Без разлика дали ја користите како прилог со месо, мачканица на леб или додаток на јадењето, лутеницата ќе ја збогати секоја трпеза. Иако ќе ви одземе малку време, резултатот вреди за трудот – ќе добиете домашна зимница без вештачки додатоци и со полн, богат вкус.

Состојки:
  • 2 кг домати
  • 3 кг пиперки
  • 200 мл масло
  • 100 г сол
  • 50 г шеќер
  • 50 мл оцет
  • 6 чешниња лук
  • 200 г лути пиперчиња
  • 1 лажица сушен лист од магдонос
  • 5 г конзерванс (опционо)
Приготвување:

Подготовка на доматите

Измијте ги доматите, отстранете ги нечистотиите и исечкајте ги на парчиња. Сомелете ги во блендер или со машина за месо. Префрлете ги во подлабок лонец, додајте масло, сол, шеќер и оцет, па гответе ги на средна температура околу 50 минути до еден час.

Подготовка на зеленчукот

Додека доматот се готви, измијте ги пиперките и лутите пиперчиња, отстранете ги петелките (и семките кај пиперките), и исчистете го лукот. Сето тоа сомелете го и додајте го во лонецот со доматот.

Готвење


Поврзани објави

Добро измешајте и продолжете да готвите уште 2 часа на средна температура, притоа повремено намалувајте ја температура за да не прска премногу.

Стерилизација на теглите

По еден час и 40 минути, ставете и подготвените тегли и капаци во ладна рерна, вклучете ја на 120 степени и оставете ги 10 минути да се стерилизираат.

Финален чекор

Пред крајот на готвењето, додајте магдонос, добро промешајте и тргнете ја лутеницата од шпорет. По желба, додајте конзерванс.

Полнење на теглите

Врелата лутеница сипете ја во врели тегли, вратете ги во рерна уште 30 минути на 100 степени, а потоа исклучете ја рерната и оставете ги да се ладат внатре.

Чување

Кога ќе се оладат, покријте ја секоја тегла со целофан, ставете гумичка и капак. Ставете ги темно и суво место.