По одморот во Хрватската со сестра си и семејството, Каролина Гочева се упати на нова летна дестинација со сопругот Михаил Корубин и пријателите – на Скијатос во Грција.
Но за разлика од првиот, вториот одмор дефинитивно ја натера да ги помести своите граници и да излезе од сигурната зона, што би се рекло, па така популарната пејачка одлучи да ги почести своите многубројни обожаватели со поинтимни фотографии од прекрасната недела помината на островот, меѓу кои има и такви на кои позира во дводелен костим за капење.
Поврзани објави
Е, тоа е навистина ретка глетка, земајќи предвид дека Каролина не спаѓа во редот на познатите личности кои редовно ги бомбардираат следбениците со бикини-фотографии… Затоа, уживајте дур’ можете!
Од зајдисонца, до капење во смарагдните води на морето, повеќе од очигледно е дека брачниот пар поминува незаборавни мигови на островот.
Фото: Инстаграм