Почетна Убавина и здравјеКако за 2 дена да добиете вистинска морска боја на базен? Ќе изгледате како штотуку да сте се вратиле од Бали!

Како за 2 дена да добиете вистинска морска боја на базен? Ќе изгледате како штотуку да сте се вратиле од Бали!

од nenad
1 минути читај за

Можете да добиете совршен тен со помош на 2 природни состојки

Ако оваа година не можете да одите на море, а живеете во Скопје или во друг град каде што преовладува бетон, претпоставуваме дека некогаш ќе одлучите да одите на базен. Секој би сакал да се сонча на песочна плажа, но возможно е да постигнете толку неверојатен тен што луѓето нема да ви веруваат дека не сте биле на море.

Постојат два трика кои секогаш успеваат и се користат со години.

На летување не се оди без две работи: домашно ореово масло и путер од какао. Ореово масло можете да најдете на пазар за помалку од 150 денари, а путер од какао ќе најдете во продавница за здрава храна, за околу 200 денари.

Секако, треба да понесете и крем со заштитен фактор и првите два часа да се мачкате со него, па одозгора да нанесете ореово масло. Попладне, можете да нанесете само путер од какао. Иако е во цврста состојба, брзо се топи на жешко и се претвора во масло, така што мора да внимавате добро да ја затворите тегличката по секое користење.

Поврзани објави

Уште по првиот ден, особено навечер откако ќе се истуширате, ќе забележите дека имате значително потемен тен.

Најдобрите резултати ќе ги видите по неколку дена. За тоа време, наутро и навечер нанесувајте тенок слој путер од какао на лицето и деколтето. Не е штетно за кожата, напротив, ја прави нежна и свиленкаста. Освен тоа, има неодолив мирис на чоколадо.

Во секој случај, не заборавајте го кремот со висок заштитен фактор, бидејќи ореовото масло и путерот од какао немаат никаков фактор. Тие се користат како убав прелив преку кремот. Здравјето секогаш би требало да ви биде на прво место!

Среќно сончање!