Сите се шокираат кога ќе видат како изгледала Бјанка пред да се омажи со Канје Вест
Бјанка Цензори комплетно го променила својот стил откако се омажила за Канје Вест на неформална церемонија на Беверли Хилс во јануари 2023 година, само два месеца откако раперот го финализирал разводот од Ким Кардашијан.
Пред да му каже „да“ на Вест, Бјанка работела за него. Според LinkedIn, таа е шеф на архитектура во Yezzy, каде што се вработила откако завршила мастер-студии по архитектура на Универзитетот во Мелбурн во 2020 година.
Но оние уште учеле со неа, денес веројатно не би ја препознале.
Пред да му стане девојка на Вест, Бјанка изгледала и се облекувала многу слично како неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан. Долга темна коса, контурирано лице и секси-изданија – не е ни чудо што му го привлекла вниманието на Канје.
Поврзани објави
Нејзината сестра на Инстаграм објавила нивна заедничка фотографија од порано, каде што се гледа дека Бјанка е насмеана и среќна. Наспроти тоа, на фотографиите со сопругот Канје Вест не можеме да ја видиме во такво издание.
Откако започнала врска со Вест, нејзиниот стил станал комплетно бизарен. Сега ја гледаме во неутрални бои, проѕирни ткаенини и тесни кроеви. Дури и својата долга кафена коса ја заменила со кратка, платинеста фризура.
И таа не е единствената што го следи овој стил. Канје е познат по тоа што им ја менува гардеробата на своите партнерки, па не е ни чудо што Бјанка речиси секогаш носи нешто од колекцијата Yeezy, додека јавноста вели дека таа е практично гола.
Често можеме да ги видиме и двајцата како носат впечатливи маски и чизми-чорапи, а од неодамна почнаа да шетаат и боси! Што мислите вие за оваа двојка?