Актерката Никол Кидман одбрала комбинација што не ѝ стоела баш најдобро поради една причина.
Холивудската актерка Никол Кидман прошетала на црвениот килим на премиерата на нејзината нова романтична комедија A Family Affair, заедно со своите колеги Зек Ефрон и Џои Кинг.
За премиерата на филмот, актерката одлучила да покаже контроверзен изглед. Како што може да се забележи од фотографиите, во припиениот беж фустан што ја следел линијата на телото, актерката изгледала како да е гола, бидејќи нејзиниот тен се претопил со бојата на фустанот, што не оставило добар впечаток.
Никол Кидман одбрала и златни обетки и златен масивен ѓердан што одлично ѝ стоеле и за кои не постојат никакви замерки, но фустанот ѝ го спуштил изгледот на пониско ниво.
Секако дека не изгледала толку лошо, но далеку од импресивно и совршено како што умее да го направи тоа.
Поврзани објави
Наместо тоа, Никол требала да одбере потемна и пополна нијанса, која не би се претопила со бојата на нејзината светла кожа. Оваа боја би стоела совршено на потемен тен, бидејќи така би дошло до контраст, а поделбата на помрачно и посветло би оставила силен, префинет печат.
Жените со тен како нејзиниот најдобро би било да одбираат потемни нијанси за да не дојде до ефект на претопување и „гол“ изглед.
Еве како темната и полна нијанса може да направи Никол Кидман да изгледа неверојатно отмено. На премиерата на филмот Top of the Lake носела фустан на Зухаир Мурад со бел вез и потемна нијанса на беж.
Ви препорачуваме да водите сметка за бојата на вашата кожа кога ќе одберете беж боја, со оглед на тоа што може да го изимитира изгледот на вашата кожа и да оставите негативен впечаток. Нема да изгледате лошо, но ќе изгледате како да сте голи.