Почетна Убавина и здравјеДодека едните ги доведува до лудило, другите ги згрозува – Убавина и здравје

Додека едните ги доведува до лудило, другите ги згрозува – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Оваа интимна поза ги подели мажите и жените

Без разлика дали станува збор за испробување нови секс-пози или за сè уште неистражена фантазија, понекогаш е тешко да се воведат нови работи во сексот и да се заборави на рутината и на она во коешто сме проверено добри.

Ново истражување на специјализираниот медицински веб-сајт Superdrug Online Doctor покажало дека повеќето двојки не се запознаени со многу аспекти на интимноста, дури и се плашат по малку од новитетите во креветот. Испитувањето било спроведено на повеќе од 1000 луѓе од двата пола од Европа и Америка, кои биле во врска.

Помеѓу другото, испитаниците добиле задача да оценат неколку сексуални сценарија што им предизвикувале анксиозност. За сексуален чин од кој најмногу се плашат бил одбран „јавниот секс“, а по него следат садо-мазо, анален и „груб“ секс.

Омилената секс-поза кај жените и мажите

Испитаниците од машкиот пол за омилена секс поза го изгласале аналниот секс, а веднаш по него следеле оралниот секс и сексот во стоечка положба. Жените, гласале така што три пози имале еднаков број гласови, а тоа се мисионерската поза, „лажичка“ и „каубојка“.


Поврзани објави

Кога ги сумирале одговорите на жените и мажите, трите најдобро оценети секс-пози имале речиси ист број на гласови, а тоа се „обратна каубојка“ (51,6/48,4 отсто), на маса (53/47 отсто) и со нозете во воздух (52/48 отсто).

Една секс-поза покажала екстремна разлика меѓу половите – 87,9 отсто од мажите признале дека сакаат анален секс, додека истото го изјавиле само 12,1 отсто од жените.

За аналниот секс жените велат дека е и болен и валкан.

Кога станува збор за испробувањето сексуални играчки, 58,9 отсто од жените одговориле дека имаат желба да ги воведат во својата интима, додека истиот одговор го дале 41,1 отсто од мажите.

ФОТО: UNSPLASH