Професорката Татјана Алексиќ која испрати апел до сите да се воздржат од коментари, барем додека траат погребувањата
По веста дека една од жртвите во дискотеката „Пулс“ била мајка на едногодишно девојче, како и дека меѓу присутните имало многу малолетни лица, на социјалните мрежи се појавија многу непристојни и нечувствителни коментари, полни со осуда и без грам емпатија за починатите и за оние што изгубиле некого во трагедијата.
Најмногу на удар се родителите, кои и онака поминуваат низ ужасно тежок период во моментов.
На оваа тема се огласи професорката Татјана Алексиќ која испрати апел до сите да се воздржат од коментари, барем додека траат погребувањата.
Поврзани објави
„Не долевајте оган врз живите рани на родителите со коментари од типот: ‘што барале малолетни деца на концерт или мајки со мали бебиња’. Барале радост! Да било безбедно, среќни ќе се врателе дома после концертот на омилениот бенд во мало место каде што ретко има концерти… Тихувајте, барем дур се упокојуваат“, порача професорката.
Нејзината објава брзо наиде на одобрување од илјадници корисници на социјалната мрежа Фејсбук, а многумина ја искажаа својата поддршка и во коментари.