Напаѓајќи се еден со друг на кампањата во саботата, американскиот потпретседател Камала Харис го нарече републиканскиот противник Доналд Трамп „едноставно чуден“, додека Трамп ја опиша Харис како „злобна“, „болна“ и „неспособна“. Воинствените настапи ја заокружија бурната недела во која Камала Харис се бореше за врвот на демократската листа на претседателски кандидати откако претседателот Џо Бајден (81) се откажа од својата кандидатура под зголемен притисок од своите демократски сопартијци . Серијата анкети покажуваат дека во рок од неколку дена нејзината кандинатура ја избриша предноста што ја уживаше Трамп пред Бајден.
Харис, говорејќи на митингот за собирање средства во Питсфилд, Масачусетс, рече дека голем дел од реториката на Трамп и неговиот кандидат за потпретседател, сенаторот Џеј-Ди Венс, е „едноставно чудна“. Нејзината повеќекратна употреба на зборот „чудно“ за да ги опише нејзините противници како бизарни е дел од новата стратегија на демократите. Нејзината кампања го нарече Трамп „стар и прилично чуден“ по неговото појавување на Фокс њуз во четвртокот, а на собирот беа регистрирани подржувачи кои држат транспарент со натпис „Трамп е чуден“. Како што направи за време на бројните настапи оваа недела, 59-годишната Харис повторно ја стави во преден план својата судска кариера како обвинител со судското искуство на Трамп како осуденик, велејќи дека нејзиниот став до гласачите е за иднината, додека Трамп (78) сака да ја врати земјата во „мрачното минато“. Трамп пак возврати со тврдење дека Харис ќе ја „уништи земјата“ и ја критикувашае за прашања кои се однесуваат од јавната безбедност до имиграцијата.
„Ако влезе ваков луд либерал каква што е Камала Харис, американскиот сон е мртов“, рече Трамп, додавајќи дека Харис е „уште полоша“ од Бајден Говорот на поранешниот претседател, полн со познати обвинувања и лажни тврдења за изборна измама, јасно стави до знаење дека неговиот краткотраен повик за единство по обидот за атентат врз него пред две недели е целосно исчезнат.
„Сакам да бидам фин . Сите велат за мене : „Мислам дека се сменил“, рече Трамп. „Не, не се сменив. Можеби станав уште полош “, изјави Трамп Настапот на поранешниот претседател во салата за хокеј на мраз со 8.000 седишта беше во согласност со барањата на американската тајна служба. Тајната служба препорача да се избегнуваат големи настани на отворено по неодамнешниот обид за атентат врз Трамп. Во саботата, Трамп на својата платформа Truth Social рече дека ќе продолжи да одржува митинзи на отворено и дека Тајната служба „се согласила значително да ги зголеми своите операции“ за да го заштити. Сојузната американска држава Минесоста во последните 52 години нема избрано републикански претседателски кандидат.
Републиканските стратези на кампањата на Трамп веруваат дека победата во оваа сојузна држава сега е на дофат, откако популарноста на Бајден во анкетите опадна по неговиот катастрофален настап во дебатата на 27 јуни. Влегувањето на Камала Харис во претседателската трка, сепак, ѝ даде поттик на лошата демократска кампања поради сомневањата кај демократите за шансите на Бајден да го победи Трамп или способноста на Бајден да ја води земјата ако успее. Харис, првата црна и првата Азиско-американка која ја извршуваше функцијата потпретседател, собра повеќе од 100 милиони долари за 36 часа откако Бајден одлучи да се откаже од трката. Саботното собирање средства донесе повеќе од 1,4 милиони долари од околу 800 учесници, се вели во нејзината кампања.
Шенон Вотс, основач на Moms Demand Action, со околу 10 милиони членови, изјави за MSNBC дека повеќе од 200.000 луѓе се приклучиле на повикот на Zoom во четвртокот за да се изгради поддршка за Харис меѓу белите жени, собирајќи донации од над 11 милиони долари. Претходно, Трамп се обрати на конференција за криптовалути во Нешвил, дел од пошироките републикански напори да им се додворат на крипто ентузијастите пред изборите на 5 ноември. Тој вети дека ќе ја направи Америка „ светска престолнина на крипто валутите “, далеку од неговиот став во 2021 година, кога го нарече биткоинот „измама“. Трамп предупреди дека Кина и другите земји ќе прифатат криптото доколку САД не го сторат тоа и вети дека доколку биден избран за претседател ќе воведе регулативи погодни за индустријата.