Северна Кореја вети дека доколку лидерот Ким Џонг Ун даде наредба во случај на војна, „целосно ќе ги уништи“ своите непријатели, објави во неделата државниот медиум КЦНА. Овие изјави на високите воени претставници, кои се резултат на „растечката омраза“ кон САД и Јужна Кореја беа дадени за време на на состанокот во саботата на кој присуствуваше Ким по повод одбележувањето на 71-годишнината од примирјето во Корејската војна. според КЦНА. Северна Кореја и САД немаат дипломатски врски, а разговорите за намалување на тензиите и отстранување на севернокорејското нуклеарно оружје се во застој од 2019 година.
Севернокорејските државни медиуми неодамна соопштија дека не очекуваат тоа да се промени без оглед на тоа кој ќе биде следниот избран во Белата куќа. Обвинувајќи ги САД и Јужна Кореја дека се „решени да предизвикаат нуклеарна војна“, севернокорејските воени претставници ветија дека ќе ја зајакнат ефективноста за време на војната за да извршат „масовен напад врз непријателот во секое време и без одлагање и целосно да ги уништат – кога почитуваниот врховен командант Ким Јонг Ун ќе ја даде наредбата“.
На 27 јули 1953 година, Северна Кореја потпиша договор за примирје со Соединетите Држави и Кина, со што стави крај на непријателствата во тригодишната војна. Американските генерали го потпишаа договорот со кој ги претставуваат силите на Обединетите нации кои ја поддржуваат Јужна Кореја. Северна Кореја го нарекува 27 јули „Ден на победата“, додека Јужна Кореја тој ден не го одбележува како некој многу голем настан. Воените дејствија завршија на 27 јули 1953 година со прекин на огнот, а не со договор, што значи дека двете страни технички сè уште се во војна.