64
Пиперките полнети со сирење и сланина се вкусен и многу брз оброк кој можете да го подготвите секогаш кога сте во брзање, а воедно е хранлив и сите во семејството ќе сакаат да го јадат.
Состојки:
Поврзани објави
6 црвени пиперки
300 гр урда
300 гр крем сирење
павлака по потреба
1-2 чешниња лук
2 јајца
магдонос
100 грама сува сланина
Како да подготвите полнети пиперки со сирење и сланина?
- Свежите пиперки измијте ги, исечете ги на половина по должина, извадете ги стеблата и семките.
- Јајцата се матат, се мешаат урдата и крем сирењето, се додаваат една или две лажици крем (за да се постигне вистинската конзистентност). Додадете сол и бибер во смесата, додадете листови магдонос и ситно сечкан лук.
- Наполнете ги половините од пиперките со вака приготвениот фил.
- Завиткајте ја пиперката со парчиња сланина.
- Наредете ги пиперките во плех обложен со хартија за печење.
- Печете 30 минути на 200 степени.