Се чини дека Хелен Фланаган никогаш нема да престане да објавува провокативни содржини на социјалните мрежи.
Прекрасната русокоса Хелен Фланаган едноставно сака да ги почести своите следбеници со жешки фотографии на кои ги истакнува сите свои атрибути.
Овој пат, таа ја избра кујната во која позира, и тоа попровокативна од кога било досега
Хелен облече секси црна долна облека со цветни мотиви и сними видео од неколку кадри, но несомнено сите гледаат во нејзиното деколте.
Актерката избрала провокативен мини-градник кој едвај ѝ ги држи градите, а косата ја обликувала во препознатливите бранови, кои ги има носено многу пати досега.
Како мал детаљ, таа додаде ракавици од тантела за дополнително да го зачини нејзиниот изглед, што секако и да ги разбуди мислите на многу мажи.
Фото и видео: Инстаграм