Почетна Убавина и здравјеОВА ќе ви го скрши срцето – Убавина и здравје

ОВА ќе ви го скрши срцето – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Шенон Доерти глумеше во 60 филмови, но нејзините највпечатливи улоги беа во ТВ сериите Волшебнички (Charmed) и „Беверли Хилс 90210“. Роднините на актерката тешко ја поднесуваат нејзината смрт, но најтешко е да се помири со загубата нејзината мајка Роуз Доерти.

Роуз се грижеше за својата ќерка за време на нејзината болест. Шенон беше мажена, но нејзиниот сопруг, штом беше објавена страшната дијагноза, ѝ го заврти грбот, односно си најде нова партнерка. Доерти дознала за неверството на сопругот токму за време на хемотерапијата. Затоа, мајката на глумицата ѝ беше единствената најголема поддршка, асистентка во борбата против фаталната болест.

Поврзани објави

Таа е мојата убава девојка и моето срце. Нашето семејство сака да им се заблагодари на сите што и покажаа љубов и поддршка на нашата Шенон во текот на нејзиниот живот. Навистина сме благодарни“, изјави Роуз Доерти.

Роуз додаде дека за семејството, периодот на лекување на Шенон бил „најтешкото време“, а да се помири со смртта на некој близок е уште потешко.

Потсетуваме, на актерката во 2020 година ѝ бил дијагностициран рак на дојка, а по долготраен третман беше во ремисија. Во 2023 година, болеста се врати, лекарите открија метастази во мозокот. Доерти почина на 13 јули.