Почетна Убавина и здравјеНе пропуштајте го јулскиот двоброј на „Убавина и здравје“! Е, сега летото може да почне…

Не пропуштајте го јулскиот двоброј на „Убавина и здравје“! Е, сега летото може да почне…

од nenad
3 минути читај за

Е, сега летото може да почне! Барем за нас во редакцијата, со оглед на тоа дека со завршување на ова издание, кое е двоброј, завршуваат големите гужви и конечно можеме да се опуштиме и да се префрлиме на поинакви планови: одмор, релаксација, уживање…

Пред да почнете да ни завидувате што до септември ќе лежиме на плажа, сепак да истакнам дека сме активни и имаме работа, но имаме и време за мечтање и, секако, вистински одмор за разлика од досега.

Се надевам дека е слично и за повеќето од вас и дека полека од мечтите ќе си го реализирате толку очекуваниот и неопходен летен одмор. Неопходен за човек да може да се сврти малку кон себе или кон нештата и луѓето што го прават среќен, без оглед дали ќе реализира патувања. Обврските се неопходни за да бидеме дел од овој систем, но секогаш треба да внимаваме да не нè претворат во робови. Токму на своевидно ослободување од заробеноста повикува и нашата девојка од насловната во својата прва книга (стр. 31).

А за нашите Олимпијки нема одмор, ова лето им се случува голема професионална авантура поради првото учество на Олимпијада, па затоа ги поддржавме пред тргнувањето во борбата за успех (стр. 40). Жешки модни стајлинзи побарајте на стр. 74, а од преостанатите жешки нешта, и ова лето избираме една секс-тема. Овој пат се обидуваме подобро да ја разбереме сексуалноста и прашуваме дали модерните времиња го менуваат погледот на неа (стр. 82).

Таков е концептот на ова издание – да ви овозможи уживање каде и да нè читате. Луѓе, приказни, новитети и производи во кои ќе уживате летово или ќе ви бидат од корист за ништо да не може да ви го наруши толку посакуваниот мир. Земете нè со вас на одморот, наполнете ги батериите, па се гледаме во септември. Во меѓувреме, следете нè на www.ubavinaizdravje.mk и на нашите социјални мрежи.

Ве сакаме,

Јована Стојменовиќ, главна и одговорна уредничка на „Убавина и здравје“.

Во продолжение, ви ги презентираме темите што ќе ги читате во јулското издание на „Убавина и здравје“.

УБАВИНА&ЗДРАВЈЕ

ЈУЛИ/АВГУСТ 2024

У&З тренд

13 Во чест на жените уметници

14 Самоуверени на плажа

16 Летно освежување

18 Овошен маникир

20 Меурчиња во косата

22 Сите ја обожаваат оваа чанта!

24 Рај на земјата

26 За секого по нешто

28 Погледнете како помина У&З #FamilyDay

У&З жени

32 Елена Шалевска: „Сакам да ги инспирирам луѓето да се ослободат“

38 Надица Станковиќ: Стручно и професионално за секој клиент

40 Анастасија Мојсовска: „Безрезервната поддршка е клучна“

42 Милијана Рељиќ: Желба, дисциплина и фокус

Поврзани објави

44 Социјалните мрежи и кариерата

46 Грејс Џонс: Единствена модна и музичка икона

52 Дали практикувате финансиска самогрижа?

54 Владимир Василески-Четкар: „Жените се родени лидерки“

Убавина и стил

58 Само нежно кон себе

62 Бакната од сонцето

66 Задржете го сјајот и здравјето на косата во текот на летото

72 Што (не) сакам кај себе: Ведрана Ѓорѓевиќ

74 Кога е топло – биди жешка!

Вити и здрави

77 Кожата на сонце: проверката е задолжителна!

82 СЕКС: Да или не?

86 Ве мачат грчеви во мускулите?

90 Соочете се со вашите граници

У&З живот

91 Тура низ Балканот со Мози

96 Патување на Тајланд

100 Летно мени

106 Јана Спирковска ни одговара на прашањето што ја прави среќна

Колумни

50 Жана Базби: Разладени и позитивни

56 Марија Лукаревска: Само танцувај!

НА НАСЛОВНАТА: Елена Шалевска

ФОТО: АНТОНИО СТАНКОВ