Седата коса ја прави уште попривлечна, нели?
Познатата мексиканска актерка Салма Хаек (57) го следеше натпреварот на Вимблдон, а поради гордото прикажување на нејзината седа коса, нејзините фотографии набрзо го привлекоа вниманието на јавноста и ѝ донесоа многубројни пофалби.
Имено, откако се појавија фотографиите на оскаровката, фановите ја преплавија со комплименти и пофалби за грациозното носење на седата коса. Салма седеше во кралската ложа во темносино сако и панталони и сино-бела кошула со пруги, придружувана од нејзиниот сопруг, милијардерот Франсоа-Анри Пино.
Како што може да се види на сликите, нејзината темнокафена коса е испреплетена со неколку сиви прамени, кои мексиканско-американската актерка не сакала да ги сокрие. За нејзиното грациозно носење на седите влакна пишува и магазинот „Вог“, наведувајќи дека нејзиниот пример потврдува дека „прифаќањето на седата коса може да биде убаво“.
И нејзините обожаватели имаат исто мислење:
Поврзани објави
Сакам да ја гледам со седа коса“, „Ја обожавам нејзината седа коса“, „Седата коса ја прави уште подобра“.
Што мислите вие?
Фото: Инстаграм