Почетна Убавина и здравјеАлександар Милиќ Мили преплавен од емоции, ќерката Миа го прослави полнолетството!

Александар Милиќ Мили преплавен од емоции, ќерката Миа го прослави полнолетството!

од nenad
1 минути читај за



Александар Милиќ Мили и неговата сопруга Нина имаат голема причина за славење – нивната ќерка Миа наполни 18 години.

По тој повод, далеку од љубопитните очи беше организирана гала прослава, а Александар Милиќ Мили, како и секогаш, вложи максимални напори да и ја исполни секоја желба на својата ќерка.

Скоцкан од глава до пети и видно расположен, Мили пристигна на снимањето на емисијата Ѕвездите на Гранд, а на насобраните новинарски екипи им откри како поминала прославата:

Убаво. Беше еден од најубавите родендени, дури пеевме и дуети. Поминавме неверојатно, тоа беше еден од најубавите настани во мојот живот“.


Поврзани објави

За потсетување, додека Миа и Маркуш растеа, честопати се „чуваа“ во студио додека Мили создаваше музика, па со тоа што „крвта не е вода“, нивниот татко денеска со гордост вели дека се претвораат во сериозни познавачи на музиката:

Моите деца се исклучително музички талентирани, ја слушаат и изведуваат сета актуелна светска музика, а особено ми е драго што избраа да ги слушаат најголемите уметници од минатото: Мајкл Џексон, Елвис, „AC/DC“, „Битлси“.

printskrin Youtube/Kurir