Додатоци се секогаш во игра. Лето, зима, на одмор, во град… но сега темата е летото. И бидејќи модата е се подемократска, имаме два фаворити, па на кој што му се допаѓа повеќе.
Шапките се апсолутно носливи во сите пригоди, актуелни се различните модели и широчини на ободот, додека капчињата се за малку порелаксирана и полежерна атмосфера.
Неограничени можности за комбинирање, актуелност во повеќе сезони и минимално поместување што дава модерна нота е она што го сакаме кај основните парчиња. Овој пат модерно е темно капче во комбинација со бела маичка и фармерки.
Бидејќи ова е сезона на леопард-принт, кој одлично оди со црвено, еве една идеја. Црвената боја нека биде застапена со капчето.
Контрастите секогаш изгледаат динамично, особено налето. Дополнително, капчето изгледа одлично и на пуштена и на собрана коса и ќе ви го даде тој мангупско-женствен изглед.
Колку и да ги класифицирате капчињата во спортска и опуштена категорија, тие можат да изгледаат и многу женствено. И секако, на оваа топлина ќе ве заштитат од сонцето.
Поврзани објави
Научивме да ја носиме лесно и ноншалантно, како што единствено и може да се носи доколку сакате да изгледате убаво кога ја носите. И не, шапката не е резервирана само за на плажа.
Имено, покрај тоа што се подразбира како неопходност кога одите на плажа, не заборавајте и на другите придобивки. Прво, шапките привлекуваат внимание и погледи, па еве го решението доколку сакате да ги оттргнете очите од некој дел од телото.
Купувајте паметно, комбинирајте ги парчињата, погрижете се секое да одговара со повеќето работи што веќе ги имате во плакарот, и ете ви рецепт за ефективни комбинации, кои ќе ги составите набрзина.
Шапката, горниот дел од комбинацијата и чантата кои ги поврзува тегет бојата го прават изгледот луксузен.
Фото: Инстаграм