Почетна Убавина и здравјеОдлучила сама да си ги задоволи своите потреби – Убавина и здравје

Одлучила сама да си ги задоволи своите потреби – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Со оглед на тоа што веќе 10 години ѝ ги ускратувал итнимните односи, оваа жена одлучила сама да си ги задоволи своите потреби

По 20 години брак, оваа жена одлучила да го изневери сопругот, бидејќи веќе не можела да го издржи осаменичкиот живот. Сопругот ја немал допрено изминатите 10 години, па си нашла помлад љубовник и признала дека немала грижа на совест.

„Јас и сопругот немаме никаква емоционална поврзаност изминативе 10 години. Јас имам 51, а тој има 70 години и имаме прекрасен живот – куќа, деца, миленици, одмори во странство… Но ние имаме малку заеднички работи, едвај разговараме. Секоја вечер е исто, седиме и гледаме телевизија, а потоа тој ќе ме бакне во челото и ќе си оди во соба. Неодамна си реков: имам 51 година и не можам веќе да живеам вака. Неколку пати се обидов да разговарам со сопругот, но залудно. Му кажав кои се моите желби и потреби и дека не сум го замислувала вака нашиот брак. Му објаснив дека веќе не сме маж и жена туку цимери. Но тој е толку емоционално затворен што ништо од тоа не го интересираше“, напишала анонимната Британка.

Таа признала дека минатата година одлучила да промени сѐ. Нашла онлајн-страница за запознавање луѓе кои се во брак и по неколку неуспешни обиди, запознала маж од 46 години кој веднаш ѝ се допаднал.


Поврзани објави

Го изневерила сопругот по 20 години брак

„Тајниот љубовен живот ми се чинеше како најдобра опција, бидејќи добивам емоционална наклонетост и физичко задоволство. Разговарав и со адвокат, но некако не ми се допаѓа идејата за развод. Искрено, не чувствувам грижа на совест поради изневерувањето. Дури и кога ќе ми се појави сомнеж, си велам: ти треба ова! И тоа е доволно за да се смирам. Иако мојата афера е многу возбудлива, речиси невозможно е да поминуваме повеќе време заедно, колку и да го сакаме тоа“, открила таа и додала дека и понатаму ѝ недостасува физичка интимност.

„Кога сум лошо расположена или болна, сакам некој да ме прегрне и да се грижи за мене, но не можам да го добијам тоа ни од љубовникот ни од сопругот. Иако имам двајца мажи во мојот живот, ми недостасува вистинска физичка поврзаност, а тоа крајно ме фрустрира“, заклучила жената, а пренесува Mirror.

ФОТО: David Dvořáček / Unsplash