Почетна МакедонијаЦУК: Падна карпа на булеварот „Никола Карев“, после влезот на касарна „Илинден“

ЦУК: Падна карпа на булеварот „Никола Карев“, после влезот на касарна „Илинден“

од nenad
0 минути читај за




Карпа од ридот кај касарната „Илинден“ вечерва паднала на булеварот „Никола Карев“ во Скопје, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Информацијата за падната карпа е добиена преку единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Според пријавата, карпата е падната после влезот на касарната „Илинден“. Од ЦУК велат дека веднаш биле информирани надлежните од Град Скопје кои треба да интервенираат за отстранување на карпата.