Имаше ли шанса да се спасат некогашните индустриски и трговски гиганти како „Центро“, „Славија“, „Алумина“, „Железара“? Во утринската емисија „Слободен печат“ зборуваме со универзитетскиот професор Трајко Славески. Се потсетуваме на многу претпријатија со кои се случи осамостојувањето на Македонија. Како се (зло)употреби „безвоздушниот“ простор кога пропаднаа фирмите? Колку не чини ревитализацијата на индустријата и до каде сме сега?
Екипа на „Слободен печат“ го посети Лајпциг каде бевме гости на натпреварот Ред Бул Лајпциг-Ајнтрахт Франкфурт. Само за „Слободен печат“ дијамантот на македонската репрезентација, фудбалерот Елиф Елмас открива кои се најдобрите играчи со кои ја делел соблекувалната. И за крај анкета, што ќе се најде на трпезата за новогодишната вечер? Дали Македонците остануваат доследни на традиционалната храна и ќе послужат кифлички, сармички и руска салата или пак ќе подготвуваат посебни специјалитети за таа вечер? Гледајте „Слободен печат“ секој работен ден во 9 часот наутро.