Почетна Убавина и здравјеРомантичниот момент на балконот ја открил вистината за врската на кралската двојка – Убавина и здравје

Романтичниот момент на балконот ја открил вистината за врската на кралската двојка – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Кејт Мидлтон се појави во јавност првпат по шест месеца откако ја откри природата на својата болест, а еве што велат за љубовта меѓу неа и принцот

Експерт за говор на тело ја открил вистинската природа на односот меѓу Кејт и Вилијам откако светот ги видел како си делат романтични погледи на балконот на Бакингемската палата.

Принцезата од Велс ја воодушевила јавноста кога првпат оваа година се појавила и му се придружила на кралското семејство на прославата на официјалниот роденден на кралот.

Експертката за комуникација Џуди Џејмс открила дека заедничкиот момент меѓу неа и нејзиниот сопруг дал трогателен увид во нивната радост што повторно се соединети на светската сцена.

Таа за MailOnline открила:

„Најтрогателниот момент беше оној кога погледите на Вилијам и Кејт конечно им се сретнаа.

Насмеаните очи на Вилијам и набраните мускули околу неговите усни ја покажаа неговата внатрешна гордост и олеснување што неговата прекрасна жена повторно стои покрај него, додека Кејт, која видно се опуштила, си ја вратила широката насмевка полна со љубов.“

Појавувањето на принцезата од Велс беше под знак прашалник откако ја пропуштила последната проба на трупата минатиот викенд. Но бидејќи кралот исто така боледуваше од рак, овој раскошен спектакл претставуваше симболична изјава на монархијата по неизвесниот период.

Поврзани објави

Синоќа Кејт открила дека добро напредувала во својот третман, но искрено додала дека има и добри и лоши денови и иако работи од дома, рекла дека сѐ уште нема излезено од „шумата“.

Поддршката од јавноста ѝ оставила длабок впечаток на принцезата, која открила дека била воодушевена од љубезните пораки што ѝ помогнале нејзе и на Вилијам да го пребродат тешкиот пат.

А госпоѓата Џејмс открила дека принцезата од Велс покажала вистинска класа, сила и одлучност за време на нејзината броба против ракот. Таа продолжила:

„Говорот на телото на Кејт за време на овој прв чекор кон враќањето во јавноста е показател на тоа што значи да се биде дел од кралското семејство.

Таа го преслика шаблонот на покојната кралица, кој подразбира стоицизам и смиреност, без капка самосожалување или драма.“

Изгледа дека пристапот на Кејт кон јавноста е сличен на пристапот што морала да го примени кон сопствените деца: пристап на самоуверена одлучност, уверување, па дури и поддршка.

Во случај некој да се сомневаше, оваа нејзина појава покажа дека таа е вистинската наследничка на титулата кралица!

Никогаш досега не позирала вака: Тајната симболика на новата фотографија на Кејт Мидлтон – откриена! (ФОТО)