Омилениот актер на многу дами е познат по својот шарм, но изгледа дека ни тој не му одолеал на трендот на пластична хирургија. Штета!
Неодамнешното појавување на познатиот холивудски заводник, актерот Рајан Гослинг, предизвикало голема врева меѓу обожавателите, кои не можеле да не ја забележат значителната промена во неговиот типично препознатлив изглед.
Имено, се појавиле шпекулации дека видливата промена на неговиот изглед е последица на прекумерната употреба на филери.
Популарниот Кен присуствувал на премиерата на својот нов филм The Fall Guy и додека го заземал централното место пред камерите и толпата за да ги сподели своите размислувања за филмот, набљудувачите онлајн брзо го пренасочиле фокусот на нешто друго. Имено, онлајн-платформите се преплавиле со коментари на сметка на изгледот на Гослинг.
Еден коментатор се запрашал:
„Што се случува со лицето на Рајан Гослинг?“, додека друг забележал:
„Остарел.“
Покрај тоа, се појавиле бројни шпекулации во врска со причината за неговиот изменет изглед, како на пример тие дека користел козметички процедури. Еден коментатор забележал:
Поврзани објави
„Премногу филери во образите“, додека друг се пожалил:
„Филерите го уништија“.
Сугерирале и дека актерот можеби ги надминал козметичките процедури:
„Погледнете што му направил пластичниот хирург на лицето на Рајан Гослинг. Мажи… не правете го ова.“
Покрај сето тоа, обожавателите ги истакнале неверојатниот талент и харизма на актерот:
„Го обожавам. Ми се допаѓа тоа што не се сфаќа себеси премногу сериозно и што се забавува“, а друг напишал:
„Рајан е додаден на листата на фантастични момци!“