Се запознале во 1993 година и имаат две деца, син и ќерка
Љубовта која трае повеќе од три децении и понатаму е главната причина за насмевката на една од најпознатите холивудски актерки. Мишел Фајфер и нејзиниот сопруг Дејвид Е. Кели прославиле 33 години брак, а по тој повод, актерката споделила емотивна порака и заедничка фотографија на Инстаграм. Нејзините зборови покажуваат дека и по толку години ништо не се променило кога станува збор за љубовта и благодарноста што ги чувствува кон човекот со кого основала семејство.
Мишел Фајфер (68) слави 33-годишнина од бракот до Дејвид Е. Кели, па посакала јавно да ја изрази љубовта кон сопругот преку нежна објава на Инстаграм. Актерката, која се омажила за сценаристот и телевизискиот продуцент на 13 ноември 1993 година, изјавила дека и понатаму се чувствува посебно среќна што го има покрај себе, по повеќе од три децении заеднички живот.
„33 години живот покрај овој прекрасен маж. И 33 години во кои се чувствувам како најсреќната девојка на светот“, напишала Фајфер по повод нивната годишнина, објавувајќи и заедничка фотографија.
Поврзани објави
Мишел Фајфер и Дејвид Е. Кели се запознале во 1993 година на состанок што им го организирале заеднички пријатели. Како што самата открила, првата средба не поминала баш како што очекувала, бидејќи на почетокот планирала да го запознае Кели со својата сестра. Сепак, нивната врска брзо напредувала и неколку месеци подоцна се венчале.
Двојката има две деца, ќерка Клаудија Роуз, чиј процес на посвојување Мишел Фајфер го започнала уште пред да го запознае идниот сопруг, и син Џон Хенри, кој е роден во 1994 година. Актерката повеќе пати во минатото зборувала за својот брак, нагласувајќи дека меѓусебната почит е еден од најважните елементи во нивната врска.
Во едно интервју изјавила дека се чувствува посебно среќна поради изборот на партнерот, истакнувајќи дека ги цени неговиот интегритет, интелигенцијата и смислата за хумор.
„Никогаш не го земам здраво за готово“, открила таа, објаснувајќи дека почитта кон партнерот е неопходна за да опстане врската со текот на времето.
ФОТО: Инстаграм