Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ за Радио Слободна Европа изјави дека безбедносните агенции на Србија, воени и цивилни, ги следат и ги анализираат сите информации поврзани со објавените видеа и фотографии на наводните српски борци кои им се приклучиле на руските единици во војната во Украина.
„Нашата земја е многу јасна дека учеството на српските граѓани во сите конфликти во други земји е забрането, а тоа повлекува правни последици“, рече тој и додаде дека Србија сака да ги смири ситуацијата и тензиите насекаде во светот и во Украина.
Тој ги повика оние кои имаат „патриотски позитивен набој“ во Србија да ги покажат своите борбени способности во единиците на српската армија.
Претходно на социјалните мрежи се појавија видеа и фотографии одд регрутирани Срби кои се борат на руска страна. Дел од Србите повикуваат САД и ЕУ да реагираат.