И самата помисла дека пријателите ќе ви дојдат на гости за време на празниците ве плаши, но не мора да биде така. Ако сте релаксирани, вашите гости ќе се чувствуваат пријатно и добредојдено, вели Брита Олсен, организаторка на настани во Лондон.Иако зборот пречек може да имплицира претерување во уживањето, работите може да ги поставите поинаку – празничното и здравото не мора да се исклучуваат едно со друго. Еве неколку совети како да креирате дружељубива и лежерна атмосфера во која сите ќе уживаат, вклучувајќи ве и вас! Токму како што треба да биде!1 Пробајте поумерени декорацииНе трошете пари за модерни декорации на масата, тоа не е неопходно, велат експертите. Наместо тоа, инвестирајте во вази за цветови со кратки стебленца или купете зимзелени гранки во цвеќарница. Неколку мали вази се достојна замена за богат новогодишен аранжман, а притоа и комуникацијата ќе биде полесна – без пречки на патот. Користете стари разгледници како карти за обележување на местата за седење. За сервирање на масата, употребете чинии што не се пар, за да креирате впечаток на поголема лежерност. На крајот, додајте свеќи и готово!2 Одвојте време за себеЕдна недела пред пречекот, размислете што ви е потребно за да се чувствувате задоволно: изберете облека во која ќе се дотерате, одете на фризер доколку треба да ја освежите бојата на косата, пригответе грицки, како и појадок за следното утро: овесни снегулки или пудинг од чија-семки, кои можат да се натопат во текот на ноќта. Кога приготвуваме храна за повеќе луѓе, често забораваме на вообичаениот режим на исхрана. Исто така, слободното време на денот на настанот вреди злато.3 Прифатете помошНема ништо лошо да прифатите помош од вашите гости. На пример, ако вашиот пријател има фурна, тој може да донесе свое тесто. Задајте им задачи на гостите, на пример да направат салати, да го мешаат ризото или да ги запалат свеќите на масата. Вклучувањето на гостите во послужувањето креира забавна атмосфера и го намалува притисокот врз вас дека мора да разговарате со секого како домаќинка на вечерата.4 Не потценувајте ја „штицата“За почетниците, штицата за сервирање е одличен избор. Идеална е за коктел-забава, но и ако приготвувате комплетна вечера. Може да ви „купи“ време додека биде готова вечерата. На неа треба да бидат наредени намирниците што не се користат често, како што се тенко сечкана келераба, бадеми со тартуфи и хумус од куркума (се додаваат малку сок од лимон, куркума и маслиново масло во хумусот). Послужете со крекери без глутен и со парчиња свежа краставица. Можете да вклучите и ферментиран зеленчук, на пример цвекло и краставички. Поврзани објави5 Пригответе оригинални коктелиТие ќе ви помогнат да ги пречекате гостите без грижа и опуштено да муабетите со нив, велат експертите. Пробајте пунч од јаболка и јавор: 2 шолји свежо цедени јаболка, 1 шолја лимонов сок, ¼ шолја чист јаворов сируп, 2 шолји сајдер, 1 ½ шолја пиво од ѓумбир, прстофат цимет, 2 шолји бурбон и 10 капки ангостура битер. Промешајте и сервирајте ги во чинија за пунч. За декорација користете гранчиња рузмарин, парчиња мандарина и кандиран ѓумбир.6 Не паничете поради специјалните барања!Ако некој од гостите има ограничувања во исхраната, пронајдете соодветно вкусно јадење за него и пригответе го и за сите други, советува Олсен. Наместо да се чувствувате блокирано поради гостинот што е, на пример, веган, бидете отворени кон неговата ориентација, па и на другите гости овозможете им неочекувано гастрономско уживање во вкусен вегански рецепт.7 Вклучете ја магијата на зиматаНовогодишен пречек во викендичка? Зошто да не! Понесете доста ќебиња и сервирајте топла супа и греено вино. Престојот на свеж воздух е добар за метаболизмот. Или уште подобро: засилете го апетитот со прошетка или пешачење со гостите во текот на денот – така ќе бидат доволно гладни за да уживаат во вашата новогодишна вечера!8 Прескокнете го мамурлакотПотрудете се да обезбедите доволно безалкохолни пијалаци за гостите што не пијат алкохол. Значи, обична вода, кисела вода, пиво без алкохол, сокови без шеќер, а за да креирате свечена новогодишна атмосфера, пригответе безалкохолен коктел! Доколку го послужите во атрактивни старински чаши за коктели, дефинитивно ќе постигнете свечена новогодишна атмосфера и без алкохол. Всушност, свеченото чувство е „состојба на свеста“ – со искрено и оптимистичко расположение и позитивни мисли, дефинитивно ќе имате успешна новогодишна забава. На здравје!Пишува: Наташа Човиновска
Неколку совети како да креирате дружељубива и лежерна атмосфера во која сите ќе уживаат, вклучувајќи ве и вас! – Убавина и здравје
92