Ова е новиот партнер на Наоми Кембел кој е 19 години помлад од неа
Супермоделката Наоми Кембел има нов дечко, а тој, како што се чини, е прилично познат во Европа. Според медиумите, Наоми и Рампа патувале заедно од Ибица и Истанбул на некои од неговите скорешни настапи.
Тие биле фотографирани заедно на одмор на Миконос како се држат за рака додека шетаат на плажа.
Но кој е, всушност, популарниот диџеј што го освоил срцето на една од најубавите жени во светот?
Анонимен извор за британскиот „Сан“ рекол:
„Наоми и Рампа се запознаа ова лето преку светот на модата и поминуваа време заедно на Париската модна недела. Многу разговараа и оттогаш станаа прилично блиски. Таа патуваше низ светот, вклучувајќи ги Истанбул, Бодрум, Ибица и Миконос за да биде со него. Наоми не би поминувала толку време далеку од дома да не беше заинтересирана за него.“
Поврзани објави
Од 2009 година, Рампа стекнал репутација преку германската музичка издавачка куќа Кајнемузик, која собира екипа од диџеи, продуценти и соработници со слични афинитети. Тој е многу популарен и е чест гостин на големи фестивали.
Двојката овој пат била фотографирана како заедно се излежуваат на лежалки, додека разговараат и си разменуваат нежности.
Наоми Кембел претходно била во наводна врска со арапскиот шеик Мохамед Ал Туркиј, со кого последен пат била видена во март оваа година. Само неколку месеци подоцна, си нашла нов партнер, кој е 19 години помлад од неа.
Извори блиски на Наоми и Мохамед тврдеа дека шпекулациите за нивната врска се небулози и дека тие се само добри пријатели. Меѓутоа, нивните многу блиски односи, кои личеа како да се на класична љубовна двојка, многумина ги наведоа да ги отфрлат овие наводи.