Почетна ЕкономијаМинистрите за одбрана на АСЕАН повикаа на прекин на војната меѓу Израел и Хамас

Министрите за одбрана на АСЕАН повикаа на прекин на војната меѓу Израел и Хамас

од nenad
1 минути читај за

Министрите за одбрана на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН) денеска го повикаа светот да соработува во формирањето коридор за обезбедување хуманитарна помош во Појасот Газа и побараа прекин на војната меѓу Израел и Хамас.

Во текот на состанокот во Џакарта тема била и кризата во Мјанмар, кој е дел од 10-члената организација, но на министерот за одбрана на земјата повторно му било забрането да присуствува на состаноците оваа недела поради неуспехот на воената хунта да се придржува до мировниот план од пет точки изработен со цел да се намали насилството.

Министрите повторно укажале на важноста од зачувување на слободата на пловидба и прелетување во Јужното Кинеско Море и почитување на меѓународните правила за спречување поморски конфликти во спорните води.

Во заедничката декларација се повикуваат страните вклучени во деценискиот територијален спор во Јужното Кинеско Море, во кој се вмешани Кина и други земји кои тврдат дека имаат право на водите, да се согласат за рано завршување на преговорите за пактот за ненапаѓање.

рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА