Тој додаде дека поради тоа покрај основните субвенции од 40 илјади денари по хектар, лозарите ќе добијат дополнителна субвенција од 12 илјади денари по хектар и по 1 денар дополнително на продаден килограм грозје.
„Оние кои имаат производство, но и оние кои во целост го изгубиле производството ќе направи се за да ги задржиме да ги одржуваат лозовите насади и да дадеме финансиски фокус. Покрај 10 милиони редовни субвенции, ова се уште 4 милиони дополнителни субвенции оваа година кон лозарите“ рече Николовски.Министерот кажа дека земјава е во најголемите 15 извозници на вино во светот и дека приходите од извозот на вино само минатата година пораснале за 12 милиони евра.