Слобода Миќаловиќ и Нина Бадриќ негуваат сличен моден стил.
Не е тајна дека Слобода Миќаловиќ и Нина Бадриќ се добри пријателки, и кога и да се сретнат, разменуваат пријатни разговори, си честитаат за професионалните достигнувања, а понекогаш си даваат комплименти за изгледот и модниот стил.
Ако ги погледнете сите претходни едиторијали, можете да заклучите дека пејачката и актерката имаат сличен вкус за облекување. А и за модни додатоци, судејќи по фотографиите на нивните истаграм-профили.
Имено, и двете дами се фотографираа со сламени шапки и ги објавија фотографиите на Инстаграм кои предизвикаа големо внимание во јавноста.
Поврзани објави
Иако голем број дами не ги сакаат, бидејќи едноставно не им одговараат, сепак актерката и пејачка може да се пофалат дека овој летен детаљ одлично им прилега.
Уверете се сами!
Фото: Инстаграм