На 12.12.2022 година(понеделник) во 11.00 часот, по барање на студентите од Универзитетскто студентско собрание, пратениците: Моника Зајкова, Мухамед Кадриов, Артина Ќазими, Фиснике Бектеши, Сафије Садики од Клубот на младински прашања и политики на Собранието на Република Северна Македонија и претседателот на Универзитетското студентско собрание, при Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“- Скопје, Славчо Темелковски, ќе го посетат студентскиот дом „Стив Наумов“.
Целта на посетата е да се изврши увид во просторите и да се оцени дали поправките и реновирањето се освиваат согласно предложениот Акциски план за реализација во студентските домови на активности побарани од студентите на Министерството за образование и наука.