На социјалните мрежи стана вирално видеото во кое украинскиот претседател Володимир Зеленски одговара на прашање за неговата облека по почетокот на руската инвазија.
Зеленски воодушевено коментираше дека има и некои предности од воената состојба, а ова е една од нив, што повеќе не мора да носи костум туку е секогаш лежерен.
Под видео клипот на Твитер има неколку коментари за маицата на Зеленски која „изгледа како да смрди“.
Коментарите се и дека е убаво да се види претседателот како се смешка.
Кристал Алкаиро напиша дека од сите глупави прашања што може да му се постават на претседателот, ова е најглупавото. „Тој е на чело на земја која се бори за опстанок, не е како да работи на Волстрит секој ден“, напиша тој.
Феникс коментираше дека е добро мажот да се облекува соодветно за неговата сегашна работа, а во Украина денес тоа вклучува смртоносни напади врз оваа земја, па ова е соодветната облека.
Zelensky asked about not wearing a suit anymore… pic.twitter.com/HoiR1TQ3g9
— Visegrád 24 (@visegrad24) April 7, 2023
