Македонците еден ден ќе го слават 27 април како 11 Октомври, повторува во днеешната епизода на Тешки муабети професорот Стефан Влахов-Мицов.
-Јас бев во Собранието, кратко, после дојдоа специјалци и не исфрлија. Јас мислев тоа е едноставно, но сепак било комплицирано, се појавија многу нелогичности. Јас да го организирам ако влезам ќе завршам до крај, нема да направам глупости и после за ништо да лежам 15 години. Ние влеговме револтирани, но тоа е завршена приказна, вели Влахов-Мицов.
Јас сум бил на протести во Бугарија, тие се подиви, се тепаше полиција, се пробиваат три кордони полиција, се пука и во месо и во воздух, има ранети.
Ние на 27 април стасавме пред Собранието, имаме храброст но не сме убијци, тоа е генот, немаше таму професионалци, тоа беше обичен народ. И сега велат терорист, каков бре е тој терорист кој е со голи раце, ако имаше таму терористи ќе ве кренеа во восдух, објаснува професорот.
